Руски хирурзи заменија грклан зафатен од рак со дел од цревата на пациентот

Александар Лехки/Global Look Press
Човекот сега може нормално да јаде и зборува, нешто што им дава надеж на многумина други болни.

Лекарите од московскиот Институт за онколошки истражувања извршија уникатна операција – заменија грклан на пациент зафатен од рак со дел од неговите црева, пренесува весникот „Известија“.

Илеоцекалниот залисток го одвојува тенкото црево од дебелото и спречува храната да отиде во погрешна насока. Трансплантираниот залисток сега ќе игра улога на гласните жици на пациентот и ќе му овозможи да зборува.  

„Не само што мораме да го отстраниме гркланот, туку во некои случаи на рак и ждрелото. Овие луѓе не можат нормално ни да јадат ни да зборуваат“, изјави шефот на одделението за микрохирургија Андреј Пољаков. „Зедовме дел од дебелото и тенкото црево и залисток. Од дебелото црево ги обновивме ждрелото и хранопроводот, додеа тенкото црево го зашивме за неговиот душник“.

Институт соопштува дека првиот пациент во моментов е во добра состојба и дека може слободно да јаде и зборува.

Секоја година во Русија околу 8000 пациенти кои боледуваат од рак имаат потреба од трансплантација на гркланот. Претходно хирурзите користеа вештачка протеза која треба да се менува два или три пати годишно, што и не е многу евтино.

Прочитајте повеќе: Како советскиот лекар на Антарктик самиот себеси си го извади слепото црево

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Дознајте повеќе

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња