
Ермитаж
Секако, најпознатата царска венчавка во Русија била онаа на Николај Втори и германската принцеза Александра. Венчавката е одржана во петербуршкиот Зимски дворец каде тие живееле во тоа време. Туксен го има насликано и крунисувањето на Николај Втори и Александра, трагичен настан во кој во стампедо во текот на свеченоста загинале илјадници луѓе.

Руски музеј
Оваа венчавка не можел да ја игнорира ниту Иљја Репин, мајсторот на историското сликарство. „Венчавката на Николај Втори и принцезата Александра Фјодоровна“ 1894.
Ермитаж
Ова е венчалниот фустан на Александра од збирката на Државниот музеј Ермитаж (дел од Зимскиот дворец кој се наоѓа меѓу зградите на царската резиденција).
Ермитаж
Да фрлиме поглед на останатите царски венчавки. Само неколку месеци откако царот Николај Втори се оженил со Аликс, великиот кнез Александар Михајлович склопил брак со сестрата на Николај Ксенија Александровна во Петерхоф. Ова е слика која ја потпишува унгарскиот уметник Михаљ Зичи, а датирана е на 25 јули 1894 година.
Од слободни извори
Михаљ Зичи „Венчавката на великиот кнез Пјотр Николаевич и црногорската принцеза Милица во Петерхоф“, 1889. Патем речено, Милица била блиска пријателка на Александра, сопругата на Николај Втори, и токму таа ја запознала царицата со Григориј Распутин.
Од слободни извори
Николас Шевалије „Венчавката на Алфред од Единбург и великата кнегиња Марија Александровна“, 1874. Двојката се венчала според православен и според англикански обред (на сликата е прикажан православниот).
Ермитаж
Михаљ Зичи. „Венчање на великиот кнез Александар Александрович, идниот цар Александар Трети и Марија Фјодоровна“, 1867.
Ермитаж
Григориј Качалов. „Свадбен огномет на Петар Трети и Екатерина Велика“, 1745. Иако станува збор за гравура, во целост се доловени сјајот и величината на прославата.
Википедија
Ова е венчалниот фустан на Екатерина Велика, кој денес се чува во Оружејната палата на московскиот Кремљ. Погледнете само за какав струк станува збор!
Руски музеј
Еве уште една слика на Пјотр Трети и Екатерина Велика кој е потпишан од Џорџ Кристоф Грут на годината на нивната венчавка.
Од слободни извори
Втората венчавка на Петар Велики со идната царица Екатерина Прва. Дело на Алексеј Зубов, 1712 година. Импресивна прослава, зарем не?
Ермитаж