„Не секој ден принцот Алексеј можеше да се приклучи на семејните активности на отворено. На оваа фотографија од 1915 година, тој само што заздравуваше од уште еден напад на хемофилија, поради која куцаше на едната нога. #Romanovs100“
Јавен доменДржавниот архив на Русија ќе објави претходно невидени фотографии од последното руско царско семејство за проектот #Romanovs100.
Дури 4000 слики и видеа од личната царска архива ќе бидат објавени на четири социјални медиумски платформи: „Јутјуб“, „Фејсбук“, „Твитер“ и „Инстаграм“. Материјалот ќе биде презентиран заедно со приказни за Николај II, неговата сопруга Александра Фјодоровна, нивните деца и пријателите на семејството.
Секоја платформа ќе има свој наративен стил. На пример, „Јутјуб“ ќе прикаже документарни снимки со кои ќе се откриваат и официјалните и приватните страни на царското семејство, додека неколку профили на „Твитер“ (за Николај, неговата сопруга и нивниот доктор) ќе раскажуваат приказни од прво лице. Британската историчарка Хелен Рапапорт, автор на Сестрите Романови: Изгубените животи на ќерките на Никола и Александра, ќе го води профилот на „Твитер“ за ќерките на Николај.
#Romanovs100 е соработка меѓу Државниот архив на Русија и проектот на RT #1917LIVE project – серија на профили на „Твитер“ со детали за револуционерни настани.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче