„Пред 140 години е потпишан Санстефанскиот мировен договор. Се исполни сонот на сите Бугари да живеат во слободна држава. Но таа радост траеше само неколку месеци – згасна по Берлинскиот конгрес. Романтичните стремежи на 19 век во цела Европа се уништени во драматичниот 20 век“, - вака Румен Радев го почна својот говор и додаде дека сеќавањето на пролетта 1878 година ќе остане „вечна бугарска инспирација“.
„Тоа е сеќавањето на храброста на обичните млади луѓе – селани и учители, кои по долги години борба во април 1876 година по цена на својот живот го вратија бугарското прашање на дневниот ред на Европа“, продолжи бугарскиот претседател. „Тоа е сеќавањето на братскиот порив на руското општество кое докажа дека православните Бугари не се осамени. Ние тоа нема да го заборавиме. Нема да ги заборавиме ни зборовите во Манифестот на императорот Александар II кој ѝ објави војна на Османлиската империја затоа што „тоа го бара чувството за правда и нашето сопствено достоинство“. „Народот сам се крена и тргна во војна на чело со царот“, - напиша Достоевски во својот дневник. – „А луѓето читаа и се крстеа“. Тие сеќавања и чувства се длабоки. Ним не можам да им наштетат никакви политики интерпретации“, заклучи Радев.
Според него, на бојните полиња на Руско-турската ослободителна војна изгинале војници на многу народи: Руси, Романци, Финци, Украинци, Белоруси, Полјаци, Литванци, Срби и Црногорци.
„За сите нив Бугарија беше последен дом и ние ги почитуваме како свои херои“, рече бугарскиот лидер. „Денес, 140 години подоцна, ние треба да ја паметиме нашата историја затоа што ни другите не ја забораваат. Нашата бугарска историска енергија не се состои во носталгијата по некогашната слава, туку во согледувањето на вредноста на слободата, во одговорноста пред мачениците кои скапо го платија светлиот идеал на „чистата и света република“.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче