Пред 103 години: Русија му објави војна на Османлиското царство

Руска пешадија

Руска пешадија

George H. Mewes/Wikipedia
Руската империја ги поддржа словенските движења во Србија во текот на Првата светска војна

Руското и Османлиското царство со векови војуваа за стратешките интереси на Балканот и Кавказот. Двете империи на залезот веќе имаа судири во 1856 и 1877 година поради вековниот проблем на Русија - немањето излез на Медитеранот за нејзината Црноморска флота.

Оваа тензија дојде до израз во 1914 година, влошена поради поддршката на Русија на словенските национални движења во областите на османлискиот интерес, како што е Србија.

Со оглед на тоа што Русија веќе се вклучи во конфликт против Германија и Австро-Унгарија, царот Николај II беше поттикнат од неговите француски и британски сојузници да се обиде и да го анектира Константинопол за да им даде на силите на Антантата подобра контрола над Медитеранот.

Иако руската кампања во Првата светска војна севкупно беше огромен неуспех, некои од најголемите победи на армијата беа против Турците. До 1916 година руската армија стигна до градот Ерзинчан, длабоко на територијата на денешна Турција.

Конфликтот заврши меѓу Брест-Литовскиот договор и излезот на Русија од Првата светска војна. Сепак, регионалните непријатели на Османлиското царство, Ерменија и Азербејџан, како краен резултат се одлучија да му се приклучат на СССР за да се заштитат од идни турски инвазии.

 

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Дознајте повеќе

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња