Говор на руски студент во Бундестагот предизвика контроверзии

(од лево кон десно) Рафаел Вајс, Ирина Кокорина, Валерија Агеева, Конас Ваупел, Николај Десјатниченко во Бундестагот

(од лево кон десно) Рафаел Вајс, Ирина Кокорина, Валерија Агеева, Конас Ваупел, Николај Десјатниченко во Бундестагот

Deutscher Bundestag
Корисниците на руските социјални мрежи обвинија еден ученик од Сибир, кој одржа говор во германскиот Бундестаг, дека ги оправдува нацистичките воени злосторства. Николај Десјатниченко ги опиша гробовите на германските воени затвореници опиша како гробови на „невини жртви на војната кои не сакале да се борат“.

Во состав на заеднички руско-германски историски проект тројца ученици од Нов Уренгој во Сибир - Николај Десјатниченко, Валерија Агеева и Ирина Кокорина, одржаа говори во германскиот парламент, Бундестагот. Ним им се приклучија тројца ученици од Германија – Јонас Ваупек, Летиција Гриневалд и Рафаел Вајс. Сите шестмина се дел од проектот што го организираа нивните училишта – гимназијата Нов Уренгој и Фридрихсгимназиум од Касел.

Проектот е посветен на германскиот Ден на жалост и им оддава почит на животите на германските и руските војници кои загинаа во Втората светска војна. Секој ученик зборуваше за еден војник кој се борел во Втората светска војна. Руските деца ја проучија судбината на германските војници Георг Јохан Рау, Јулиус Дитрих и Јулиус Фогт, додека нивните германски колеги зборуваа за Русите Иван Гусев и Надја Труванова.

Зборовите на Десјатниченко за „невините жртви на војната“ кои „не сакаа да се борат“ згрозија неколку руски коментатори на „Фејсбук“. Блогерот Сергеј Кољасников го нарече говорот на Десјатниченко „каење“ и го обвини дека ги нарекува нацистичките војници „жртви на војната“. Членот на Комунистичката партија на Руската Федерација и член на Законодавното собрание на Јамало-Ненецкиот округ Елена Кукушкина изјави дека била навредена од употребата на зборот „жртви“ и „се бореа“ во говорот за германските војници навреден. „Тие работи би требало да се сосечат во корен“, рече Кукушкина. Кољасников побара од Канцеларијата на јавниот обвинител и од претседателската администрација да се испита говорот на Десјатниченко за да се види дали се работи за оправдување на злосторствата на нацистичка Германија, што во Русија е казнено дело.

Од друга страна, Иван Костогриз, градоначалник на Нов Уренгој, застана во одбрана на говорот на ученикот, велејќи дека истото не може да се смета како оправдување на фашизмот, како и дека таквото толкување на зборовите на Десјатниченко е „провокација против рускиот народ и нашата позиција за настаните во Втората светска војна“. Надежда Носкова, портпарол на губернаторот на Јамало-Ненецкиот округ, во кој се наоѓа Нов Уренгој, изјави дека „центарот на вниманието се помести“ во текот на расправата за говорот на ученикот.

Од говорите на другите руски студенти е јасно дека целиот проект е посветена на помирувањето, а не на заземање страни во конфликтот или на оправдување на воените злосторства. Во својот говор во Бундестагот, друга ученичка од Нов Уренгој, Валерија Агеева, го цитираше писмото на Јулиуд Дитрих, кој се надевал дека „сите овие глупости наскоро ќе завршат и дека ќе можеме да се вратиме дома затоа што доста ни беше“. Очигледно за Јулиус војната не била нешто за што тој решил да се бори. „Гробовите на војници се најголемите проповедници на мирот“, рече Валерија, цитирајќи го во својот реферат германскиот филозоф Алберт Швајцер. Нејзината колешка Ирина Кокорина зборуваше за својот прадедо кој успеал да избега со помош на германски полковник име Ханс.

Иницијативата на Гимназијата Нов Уренгој и Фридрихсгиманзиум од Касел не е единствената кој е насочена кон оддавање почест на жртвите на војната и од руска и од германска страна. На 16 декември 1992 година руската и германската влада потпишаа договор за одржување на гробовите на германските војници во Русија и на руските војници во Германија. Гробиштата кои беа посетени од страна на учениците од Нов Уренгој за да ги состават своите реферати се одржуваат во рамките на тој договор.

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Повеќе возбудливи стории и видеа на Фејсбук страницата на Russia Beyond-Македонија
Дознајте повеќе

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња