Најимпресивните споменици на Црвената армија надвор од Русија

Legion Media
Ширум Европа постојат стотина споменици во сеќавање на советската армија и победата во војната против нацистичка Германија. Некои од овие споменици се веќе запоставени, но за поголемиот дел од нив се грижат граѓаните и локалните власти, така што спомениците се во уредна состојба. Russia Beyond-Македонија ве потсетува на најимпресивните од нив.

Советскиот воен меморијал во Трептовиот парк, Берлин

Споменикот на советскиот во берлинскиот Терптов парк е веројатно најпознатиот воен меморијал во чест на Црвената армија надвор од територијата на Русија.

Војник висок 12 метри гази скршена свастика, во едната рака држи спасено девојче, а во другата меч. Според првиот план на вајарот Евгениј Вучетич, војникот држел автоматска пушка, но Сталин посоветувал да биде меч.

Споменик на јунаците на Црвената армија во Виена

Советскиот воен меморијал во Виена, познат како Споменик на јунаците на Црвената армија е подигнат во сеќавање на 17.000 загинати војници во офанзивата на Виена во април 1945 година.

 

Тоа е балустрада од 26 столба и скулптура на војник со златен шлем кој го држи советското знаме. 

Славиниот меморијален комплекс во Братислава

Советскиот воен меморијал во Братислава, познат како Славин, е навистина нешто величествено. На врвот на 38-метарскиот пилон стои скулптура на војник висока 11 метри.

Тука има шест братски гробници и уште 278 гробови на идентификувани војници. Во ослободувањето на Братислава во април 1945 година загинале 6.845 црвеноармејци. 

Аљоша, споменик во Пловдив

Иницијативата да се подигне споменик на црвеноармејците е на обичните жители на Пловдив, а не на властите.

Споменикот кој се нарекува „Аљоша“ стана официјален симбол на градот.

Победнички меморијал на советската армија во Рига

Комплексот е составен од обелиск висок 79 метри и скулптури распоредени во две групи. Денес ова е традиционално место за одбележување на Денот на победата на 9 мај.

Бронзениот војник во Талин 

Советскиот воен меморијал во Талин има тепка судбина. Во април 2007 година властите на Естонија решија да го преместат „бронзениот војник“ и гробовите на 12 војници на воените гробишта надвор од градот.

Оваа одлука предизвика масовни демонстрации на Русите во Талин, а со тоа се влошија и билатералните односи помеѓу Русија и Естонија.

Советските воени гробишта во Варшава

21.468 советски војници кои загинале во ослободувањето на Варшава се погребани во меморијалниот комплекс во јужниот дел од градот. Комплексот има обелиск од 38 метри и две групи скулптури.

Тврдината-херој во Брест

Голем меморијален комплекс е подигнат во чест на бранителите на Брестската тврдина, првите војници кои се судриле со окупаторот на 22 јуни 1941 година. Составен е од војнички бараки, касарни, воени магацини, утврдувања, обелиск, споменикот „Храброст“ и скулптурата „Жед“.

Ова е најголемиот меморијален комплекс на Големата татковинска војна на постсоветските простори. 

Споменик на советскиот војник-ослободител во Харков

Голема скулптура на советски војник позната како „Павлуша“ (нагалено од името Павел), го следи примерот на „Аљоша“ (нагалено од Алексеј) во Пловдив.

 Рускиот споменик во Киркенес

Споменикот на советските војници во овој град на северот на Норвешка е подигнат во знак на благодарност за ослободување на областа Петсамо од Германците во Петсамо-Киркенската операција во октомври 1944 година.

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Дознајте повеќе

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња