Пред 100 години: Ленин и болшевиците јуришаа на Зимскиот дворец

Јуришот на Зимскиот дворец

Јуришот на Зимскиот дворец

TASS
Оставката на времената влада на 7 ноември пред 100 години ја стави Октомвриската револуција на почетокот на граѓанската војна.

Октомвриската револуција (наречена така затоа што превратот се случи на 25 октомври според Јулијанскиот календар) го стави Петроград (тогашен Санкт Петербург) под контрола на неговите работници, разочарани од хаосот на Првата светска војна.

Преземањето на Петроград беше релативно едноставно, затоа што работниците на најклучните инфраструктурни точки беа лојални на Петроградскиот совет, во кој доминираа болшевиците. Откако Ленин и Воениот револуционерен комитет го објавија превратот еден ден претходни, железничарите и морнарите од Кронштад се собраа и маршираа кон центарот на градот.

Зимскиот дворец беше слабо бранет од 3000 кадети, Козаци и жени-војници, и спротивно на херојските екранизации кои потоа ги прикажуваа советските филмаџии, времената влада се предаде давајќи малку отпор. Всушност, болшевиците активно избегнуваа фатални ситуации во Зимскиот дворец, одложувајќи го нападот неколку часа.

Првите кадети ги предадоа своите позиции во 18:15 часот, а кабинетот на времената влада официјално се предаде во 2:10 часот. До следниот ден рускиот главен град беше под управа на Вториот конгрес на Советите, кој се состоеше само од болшевици и леви социјалисти-револуционери.

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Дознајте повеќе

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња