Анархија и уништување: руската револуција во очите на странските амбасадори

Владимир Ленин на митинг на работниците на Путиловската фабрика во мај 1917.

Владимир Ленин на митинг на работниците на Путиловската фабрика во мај 1917.

Исаак Израилевич Бродски
Амбасадорите на три држави - Франција, САД и Англија - стануваат непосредни сведоци, а понекогаш и учесници во револуционерните настаните во Русија од 1917 година. „Руска реч на македонски“ ви ги презентира нивните најинтересни набљудувања од нивните мемоари.

Морис Палеолог, амбасадор на Франција во Русија во 1914-1917 година, од книгата „Царска Русија во пресрет на револуцијата“.

Морис Палеолог / Списанието „Летопис на војната од 1914 година“.Морис Палеолог / Списанието „Летопис на војната од 1914 година“.

За Владимир Ленин

Утопист и фанатик, пророк и метафизичар, туѓ на претставата за невозможното и апсурдот, недостапен за никакво чувство на праведност и жал, суров и подмолен, неразумно горд, Ленин се става во служба на своите месијански соништа со храбра и студена волја, неумолива логика, необична сила да убедува и вештина да управува. <...> Субјект кој е опасен зашто велат дека тој наводно бил целемудрен, умерен, аскет. Во него има, како што си го замислувам, црти на [Џироламо] Савонарола, Марат, Бланка и Бакунин.

За време на револуцијата

Понеделник, 27 февруари (12 март)

Веќе е сосема темно, кога со британскиот амбасадор Бјукенен излегуваме од Министерството за надворешни работи; не свети ниту еден фенер. Во моментот кога нашето возило излегува од улицата „Милиона“ пред мермерната палата, запираме поради тепачка меѓу војниците. Нешто несфатливо станува крај касарните на Павловскиот полк. Војниците разбеснето врескаат, вијат, се бијат на плоштадот. Мојот автомобил е опкружен; наспроти нас се крева заглушувачки крик. Напразно мојот телохранител и возачот се обидуваат да објаснат дека ние сме амбасадори на Франција и на Англија. Ги отвораат вратите. Ситуацијата во која се наоѓаме станува опасна кога некој унтерофицер, кој јава коњ, не препознава и громогласно извикува „Ура за Франција и за Англија“. Излегуваме од таа толпа под дожд од добредојде.

По Февруарската револуција од 1917 година, „Литванскиот затвор, запален од револуционерите“./ Карл Карлович БулаПо Февруарската револуција од 1917 година, „Литванскиот затвор, запален од револуционерите“./ Карл Карлович Була

Вторник, 28 февруари (13 март)

Крај Летната градина сум цврсто опколен од толпа која го запира возилото со митралези и сака да ме уапсат и да ме однесат во Таврическата палата. Студент, висок како лост, мавтајќи црвено знаме и ми вреска во лицето на добар француски јазик: „Добредојдовте во руската Револуција. Црвеното знаме отсега е знамето на Русија; Покажете му почит од името на Франција“.

Тој ги преведува овие зборови на руски. Тие предизвикуваат избезумени „Ура“. Јас одговарам: „Не можам на подобар начин да ја изразам својата почит кон руската слобода, освен да ви предложам да повикате заедно со мене: „Да живее војната“!“

Тој, се разбира, не ги преведе моите зборови.

Пренесување на знамињата во Тавричкиот дворец / Државен музеј на политичката историја на РусијаПренесување на знамињата во Тавричкиот дворец / Државен музеј на политичката историја на Русија

Среда, 1 март (14 март)

Утринава сè уште се водат многу борби и има многу пожари. Војниците се потпираат на лов на офицери и жандарми, на суров лов, кој ги открива сите диви инстинкти скриени во душата на мужиците.

Дејвид Френсис, амбасадор на САД во Русија во 1916-1917 година, од книгата „Русија од американската амбасада“ (Russia from the American embassy)

Дејвид Френсис / Library of CongressДејвид Френсис / Library of Congress

За тоа какви водачи биле потребни на револуцијата

Тие [руските војници] се бореа долго време, имаа претрпено огромни загуби, беа предадени од некои свои лидери, на многумина од нив семејствата им беа сиромашни. Ленин, Троцки и нивните многубројни агенти отидоа кај нив и им ветија мир и земјиште. Тие копнеат за мир! Со генерации нивна цел беше да станат сопственици на земјата која ја обработуваат. Во овие околности да се натераат овие селски војници да се борат и во исто време да изградите демократска влада во земја која познавала само деспотизам во текот на стотици години, беше задача за лидер со железни нерви како Кромвел и со визија на Линколн. Керенски не беше таков човек.

За невидено мирната револуција

...Тоа е најдобро предводена револуција од такви размери која некогаш била извршена. Думата ја презема контролата и поставува власта во Петроград со ретко добра проценка за работите.

Општо земено, според мое мислење, Русија треба да биде поздравена за визијата како да се изврши важна промена во управувањето со толку малку крвопролевање и без материјална интервенција во оваa војна, предводена од нејзините моќни противници.

Џорџ Бјукенен, амбасадор на Велика Британија во Русија во 1910-1918 година, од книгата „Мемоарите на дипломатот

Џорџ Бјукенен / msk.kprf.ruЏорџ Бјукенен / msk.kprf.ru

За болшевиците

...болшевиците беа компактно малцинство решителни луѓе кои знаеја што сакаат и како да го постигнат тоа. <...> Колку и да е огромна мојата одвратност кон нивните терористички методи и колку да ми е жал за уништувањето и сиромаштијата во која тие ја фрлија земјата, ќе се согласам со тоа дека Ленин и Троцки се необични луѓе. Министрите во чии раце Русија ја стави својата судбина, сите до еден беа слаби и неспособни, а сега, по силата на некаков драстичен пресврт на судбината, единствените двајца навистина силни луѓе што таа ги има создадено во војната, беа предодредени да го завршат нејзиното разурнување. Кога сепак тие дојдоа на власт, сè уште беа непознати величини и никој не очекуваше дека тие ќе се задржат подолго на своите позиции.

Во очекување на револуцијата

Револуцијата се чувствуваше во воздухот и единственото контроверзно прашање беше дали таа ќе дојде одозгора или одоздола. Дворцовиот преврат се дискутираше отворено и на ручек во амбасадата со еден од моите руски пријатели со висока позиција во владата, ми беше соопштено дека прашањето е само дали ќе бидат убиени и императорот, и императорката или само последната; од друга страна, народното востание, предизвикано од масовен недостаток на храна, можеше да експлодира секоја минута.

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.