Руската компанија престанува со продажба на возилото Lada 4x4 во верзијата Black Edition. Според информациите од сајтот Лада.Онлайн, до тоа дошло паралелно со почетокот на продажбата на модифицираната верзија.
Возилата LADA 4x4 во варијантите Black Edition и Orange Edition се продаваат од 2016 година. Автомобилите во варијантата Black Edition имаа црна металик боја на каросеријата „Пантер“, додека теренците Orange Edition ги красеше металик „Портокалова“ нијанса.
По изглед, тие се одликуваа со тркалата со посебен дизајн, имаа поинакви навлаки на седиштата, дополнителна изолација од вибрации, како и електрични прилагодливи ретровизори со грејачи.
Верзијата со три врати чинеше од 594 илјади рубли (околу 8500 евра), додека за возилата со пет врати требаше да се издвојат најмалку 633,9 илјади рубли (околу 9000 евра).
Неодамна најголемиот руски производител на автомобили започна со производство на „зимски“ LADA Vesta. Карактеристика на овој пакет се таканаречените „топли опции“.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче