„Автоваз“ го пушти во продажба обновениот џип Lada 4x4

Global Look Press
Возилото има нова командна табла и клима, поудобни седишта и систем „Эра-ГЛОНАСС“.

Фабриката „Автоваз“ почна со продажба на модернизираното теренско возило Lada 4x4 со обновен ентериер, се вели во соопштението на компанијата.

„LADA го најавува почетокот на продажбата на обновениот модел Lada 4x4. Теренското возило сега е уште покомфорно“, истакнува информативната служба на „Автоваз“.

Компанијата објасни дека верзиите Lada 4x4 со три и со пет врати на добија потполно нова командна табла, нова клима, поудобни седишта, систем „Эра-ГЛОНАСС“, подобрена изолација од звук и вибрации, како и низа други дизајнерски и технички подобрувања.

„За линијата Lada 4х4 се предвидени 10 варијации“, прецизираат од компанијата „Автоваз“.

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Повеќе возбудливи стории и видеа на Фејсбук страницата на Russia Beyond-Македонија

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња