Централната банка на Русија во ноември купила над 9,33 тони злато во меѓународни резерви

Владимир Веленгурин
Банката на Русија во ноември 2019 година купила 9,3 милиони унци или 9,33 тони злато, пренесоа руските медиуми повикувајќи се на информациите на регулаторот.

Според податоците на Централната банка на Русија од 1 декември 2019 година, обемот на резерви на монетарно злато во склоп на меѓународните резерви достигна 72,7 милиони фини унци, што изнесува 2261,22 тони. Бидејќи резервите на злато на 1 ноември изнесуваа 72,4 милиони унци или 2251,89 тони, може да се заклучи дека Централната банка за еден месец ги зголемила своите резерви за 9,33 тони.

Притоа вредноста на златото во резервите, според податоците на регулаторот, е намалена од 107,903 милијарди долари на 105,897 милијарди долари.

Во периодот од јануари до ноември 2019 година, ЦБ набави 4,8 милиони фини унци злато (околу 149,3 тони).

Залихите на монетарно злато во меѓународните резерви на РФ во 2018 година се зголемија за 14,9% или 273,72 тони и на 1 јануари 2019 година изнесуваа 67,9 милиони унци (2,1 илјади тони). Вредноста на златото во резервите за година дена се зголеми за 13,4 отсто, односно достигна 86,9 милијарди долари.

Уделот на злато во меѓународните резерви достигна историски максимум од 18,55 отсто на почетокот на 2019 година, наспроти 17,71  отсто на почетокот на 2018 година.

Прочитајте повеќе: Западни медиуми: Златното правило гласи – кој има злато, тој има и власт

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Дознајте повеќе

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња