Во Магаданската област на Русија извадено најмногу злато во последните 40 години

Георги Розов / Russian Look/Global Look Press
За прв пат од 1979 година, мијачите на злато и рударите од Магаданската област ја надминаа нормата од добиени 40 тони злато годишно.

Тие веќе извадија 40,23 тони од овој скапоцен метал, што е за седум тони повеќе отколку во истиот период минатата година, соопшти регионалната влада во вторникот, 19 ноември.

„Колимските рудари првпат од 1979 година постигнаа најголемо количество добиено злато. Според состојбата од 1 ноември, производителите на злато во регионот извадиле 40,23 тони злато, што е за седум тони повеќе од истиот период лани. Лидер во експлоатацијата на злато и понатаму е Тењкинскиот градски округ. Нивното претпријатие извади 16,25 тони. Што се однесува до златоносните полиња, до 1 ноември беа измиени 17,36 тони жолт метал. Најмногу самородно злато извадија рударите во Јагоднинскиот градски округ: 6,74 тони“, се наведува во соопштението.

Областа околу реката Колима веќе неколку години се наоѓа на чело на индустријата на злато на Русија. Минатата година претпријатијата во овој крај извадија околу 37 тони злато. Во 2019 година е планирано да се добијат 40,7 тони со понатамошен постепен раст на производството до 50 тони годишно.

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња