Претседателот на Русија Владимир Путин со принцот на Саудиска Арабија на самитот на Г-20.
Министерство за енергетика на РФ/Global Look PressСпоред податоците што ги изнесува агенцијата „Блумберг“, ова може да се случи во најскоро време поради нестабилноста на пазарот на нафта. Како што се наведува, во последните четири години меѓународните резерви на Русија пораснале за 45% и во јуни достигнале вредност од 518 милијарди долари. Истовремено опаѓаат показателите на Саудиска Арабија – во јуни изнесувале 527 милијарди долари, пренесува „Интерфакс“.
Меѓународните резерви вклучуваат девизи, злато и специјални права за заем.
Агенцијата укажува дека Ријад е принуден да ги троши своите резерви на социјалната сфера поради ниските цени на нафтата, соопштува РБК.
„Блумберг“, исто така, укажува на сѐ поголемото влијание на Москва во преговорите за намалување на експлоатацијата на нафтата, како и дека ОПЕК сѐ повеќе мора да води сметка за ставовите на Русија.
Сега цената на нафтата „Брент“ изнесува околу 57 долари за барел. Тоа е помалку отколку што им треба на земјите на ОПЕК, па дури и на Саудиска Арабија. Во врска со тоа картелот ја разгледува можноста за понатамошно намалување на експлоатацијата, но не се знае дали Москва ќе се согласи со тоа.
Со оглед на сегашните цени, пишува „Блумберг“, целиот „вишок“ оди во резервите на Русија, а Москва има многу причини и понатаму да ги зголемува, со оглед на новите санкции на САД.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче