Русија и Кина го пуштија во работа „Силата на Сибир“: 61 милијарди кубни метри гас годишно

AP
Гасоводот „Силата на Сибир“ од денес е пуштен во работа. Рускиот и кинескиот претседател официјално го отворија енергетскиот мегапроект кој е еден од клучните елементи на стратешкото партнерство меѓу Русија и Кина. Кина преку оваа цевка долга неколку илјади километри ќе го добива најквалитетниот природен гас од Иркутскиот и Јакутскиот регион, кои изобилуваат со овие енергенси. Се проценува дека НР Кина преку овој гасовод во почетната фаза ќе набавува речиси 40 милијарди кубни метри гас годишно.

Претседателите на Русија и Кина, Владимир Путин и Си Ѓинпин, преку телекомуникациски мост официјално го пуштија во работа еден од најдолгите гасоводи на светот, наречен „Силата на Сибир“, преку кој ќе се доставува гас од Русија во Кина, пренесува интернет-порталот РИА „Новости“.

Суровините ќе се транспортираат од центрите за производство на гас во Иркутск и Јакутија до руските потрошувачи на Далечниот Исток и ќе се извезуваат во Кина.

Гасоводот долг неколку илјади километри ќе се полни од огромните наоѓалишта на природен гас во Иркутскиот и Јакутскиот регион на Русија. Околу него ќе се изгради капиларна мрежа на гасни инсталации која ќе дојде практично до секој потрошувач на рускиот Далечен Исток и НР Кина.

„Силата на Сибир“ е проект на руски „Гаспром“ и „Кинеската национална нафтена компанија“. Неговата вкупна должина е околу 4000 километри, а преку неговата цевка ќе се транспортираат 61 милијарди кубни метри природен гас, вклучувајќи ги и 38 милијарди кои ќе се извезуваат во НР Кина. Договорот е склучен 30 години, а неговата вкупна вредност е околу 400 милијарди долари. Изградбата на гасоводот траеше повеќе од пет години.

Гасоводот е промовиран како важна компонента во растечкото стратешко партнерство меѓу Русија и Кина.

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња