Основниот прилив на вкупните средства го обезбедија глобалните фондови, и тоа 83 милиони долари. Фондовите ориентирани само на рускиот пазар вложија 57 милиони долари, пишува Лента.ру.
Според податоците на Emerging Portfolio Fund Research, Русија стана популарна меѓу инвеститорите заедно со другите пазари во развој. За една недела инвестициите пораснаа за осум пати. Експертите укажуваат дека на ваквата динамика влијаело ублажувањето на монетарно-кредитната политика на Федералните резерви и европската Централна банка, како и подготвеноста на САД и Кина да постигнат договор. На крај, инвеститорите се склони да поверуваат дека наредната година светската економија ќе порасне.
За странците е привлечен профитот на рускиот пазар на акции. Во овој момент тој изнесува седум проценти, што е еден од највисоките показатели во светот.
Гледано во долари, руските акции од почетокот на годината се меѓу лидерите по принос меѓу ризичните активи. Така, индексот MSCI EM, кој ги следи пазарите на земјите во развој (ја одразува промената на цените на акциите на компаниите на големата и средната пазарна капитализација), порасна за 12 проценти. Индексот на развиените пазари порасна за 22 проценти. Меѓутоа, индексот на полниот принос MSCI Русија, вклучувајќи го дивидендниот, порасна за 44 проценти.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче