Санкциите, меѓу другото, создадоа простор за домашните производители на сирење, пишува шведскиот весник Aftonbladet, а пренесува на руски јазик ИноСМИ.
На пример, за Борис Акимов, со кој се сретнаа новинарите на ова издание, санкциите биле мошне корисни. Во малата продавница во Москва тој продава моцарела, камембер, пармезан и многу други видови сирење произведени во Русија. Поради санкцијата стана тешко, па дури и невозможно, да се увезуваат странски марки сирење на кои Русите одамна се беа навикнале. На секое пакување стои кој фармер го има направено сирењето и од кој регион потекнува. Многу производи, покрај другото, се изработени според еколошки стандарди, што е нешто ново за Русија.
Акимов пред девет години ја отворил Интернет-продавницата „Лавка-Лавка“. Но, дури кога Европската Унија и САД воведоа санкции против Русија, неговата работа почнала да цвета. Практично преку ноќ од тезгата исчезна цела низа увозни производи!
„По распадот на Советскиот Сојуз заедно со него пропаднаа и голем број колхози, што значи и 40 милиони хектари земјоделско земјиште“, објаснува Акимов кој порано работел како новинар. „Десетина илјади селани и фармери мораа да бараат нова работа. Русија падна под целосна зависност од другите земји, купувајќи од нив храна за своите граѓани“.
„Многумина млади луѓе денес ги привлекува животот на село. Тоа е еден од факторите кои влијаеја на развојот на земјоделството во Русија“, вели Акимов, налевајќи ни вода во чаши. Во склоп на неговата продавница има и бар во кој може да се нарача пијалак.
Друг фактот се строгите санкции кои ЕУ и САД ги воведоа против Русија. Одговорот на овие санкции беше ембарго на увоз пред сè на земјоделски производи.
По нешто повеќе од пет години може да се заклучи дека Русија се однесува како и претходно, но освен тоа, санкциите за Русија имаа и добри последици, заклучува авторот на текстот за Aftonbladet.
Борис Акимов од витрината вади неколку парчиња сирење. Меѓу нив има и камембер и моцарела кои самиот ги направил.
„Денес многу подобро се снабдуваме со храна“, вели тој. „Претходно речиси сè увезувавме. А, сега самите произведуваме храна. Благодарение на санкциите станавме самостојни“.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче