Извор: Гасоводот „Силата на Сибир“ ќе биде пуштен во работа во декември

Global Look Press
Првично беше планирано испораката на синиот енергенс од Русија во Кина да тргне на 20 декември.

Според договорот што го постигнаа рускиот енергетски гигант „Гаспром“ и кинеската страна, цевководот „Силата на Сибир“ ќе биде пуштен во работа на 2 декември, пренесува ТАСС повикувајќи се на добро информирани извори.

Првиот човек на „Гаспром“Алексеј Милер претходно истакнуваше дека проектот се реализира побрзо од предвидените рокови, па така испораката на гас преку северната делница Хејхе-Чанлин ќе започне на 1 декември. Првично беше планирано со испорака на гас да се почне на 20 декември.

Гасот од наоѓалиштата во Источен Сибир (Чајадинското во Јакутија и Ковиктинското во Иркутската област) ќе се транспортира на рускиот домашен пазар и ќе се извезува во Кина. Договорот за „источната рута“ (односно „Силата на Сибир“) со кинеската CNPC беше потпишан на 21 мај 2014 година, извозниот капацитет на гасоводот е 38 милијарди кубни метри годишно. Според Алексеј Милер, дополнителните испораки на гас за Кина преку гасоводот „Силата на Сибир“ би можеле да достигнат од пет до десет милијарди кубни метри годишно.

„Гаспром“ кон крајот на минатиот месец го заврши процесот на полнење со гас на гасоводот „Силата на Сибир“. Гасот од Чајадинското наоѓалиште беше доведен до пограничните гасни мерни станици на подрачјето на градот Благовешченск. На овој начин, линеарниот дел од гасоводот е подготвен за почеток на испораките на гас во Кина.

„Гаспром“ и CNPC потпишаа договор за основните услови за испорака на гас од наоѓалиштата во Западен Сибир во Кина преку „западната рута“ (гасоводот „Силата на Сибир - 2“), како и меморандум за разбирање во проект за снабдување со природен гас преку цевковод од Далечниот Исток на Русија за Кина.

Прочитајте повеќе: Кина бара дополнителни испораки на руски гас преку цевководот „Силата на Сибир“

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Повеќе возбудливи стории и видеа на Фејсбук страницата на Russia Beyond-Македонија
Дознајте повеќе

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња