Кина е заинтересирана за дополнителни испораки на руски гас преку цевководот „Силата на Сибир“, иако дефинитивната количина сѐ уште не е утврдена, изјави заменик-претседател на Управниот одбор и генерален директор на „Гаспром експорт“ Елена Бурмистрова. Инаку, според важечкиот договор, рускиот енергетски гигант има обврска да ѝ испорачува на кинеската страна 38 милијарди кубни метри гас годишно.
Кинеските партнери се исклучуително заинтересирани за дополнителни количини, дефинитивно не дефиниравме за кој ред на величина се работи, па со самото тоа не се договоривме ни околу цената. Очекуваме да го направиме тоа во најскоро време и се надеваме дека ќе ги израдуваме нашите инвеститори со можното зголемување на обемот на испораки преку гасоводот „Силата на Сибир“, рече она.
И директорот на „Гаспром“ Алексеј Милер претходно зборуваше за зголемување на испораките на руски гас во Кина покрај договорените. Претседателот на Русија Владимир Путин минатиот месец рече дека Русија има такви технички можности.
Рускиот „Гаспром“ и кинескиот CNPC потпишаа договор според чии одредби руската страна се обврза во следните 30 години преку гасоводот „Силата на Сибир“ годишно да испорачува 38 милијарди кубни метри гас. Испораката на гас треба да започне на 1 декември оваа година.
Изградбата на првата делница на гасоводот „Силата на Сибир“, уникатниот проект базиран на домашните технологии, во должина од 2200 километри (од Чајандинското гасно поле во Јакутија до Благовешченск на границата со Кина) „Гаспром“ ја започна есента 2014 година. Во втората фаза е предвидена изградба на делница долга околу 800 километри, од Ковиктинското наоѓалиште во Иркутската област до Чајандинското гасно поле. Во склоп на третата фаза е планирано проширување на транспортните капацитети на делницата од Чајандинското наоѓалиште до Благовешченск.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче