Почна полнењето на гасоводот „Силата на Сибир“ со природен гас

Гаспром

Во обраќањето до учесниците на првиот Форум за нафта и гас во Јакутија, раководителот на овој руски регион Ајсен Николаев рече дека штотуку започнало полнењето на цевководот „Силата на Сибир“ со природен гас.

„Почна спроведувањето на планските мерки за истиснување на азотот и полнење на цевководот „Силата на Сибир“ со природен гас. Денеска почнува полнењето со гас на цевководот „Силата на Сибир“, рече тој.  

Според Николеев, гасоводот, кој тој го нарече најголемиот на светот, ќе биде пуштен во работа на 1 декември. Како што наведе тој, во план е голема гасификација на овој регион, вклучувајќи ги и неговите јужни делови.

Рускиот енергетски гигант „Гаспром“ и кинескиот CNPC потпишаа во мај 2014 година договор според чии одредби руската страна е обврзана наредните триесет години да испорачува 38 милијарди кубни метри сино гориво годишно преку гасоводот „Силата на Сибир“. На почетокот ќе биде пумпано, како што е најавено, околу десет милиони кубни метри природен гас дневно.

Преку гасоводот „Силата на Сибир“ ќе се транспортира гас од наоѓалиштата во источен Сибир (Чајадинското во Јакутија и Ковиктинското во Иркутската област) како на рускиот пазар, така и ќе се извезува во Кина.

Првиот Форум за нафта и гас се одржува во градот Мирни на западот на руската република Јакутија. Форумот собра повеќе од 200 учесници, меѓу кои има стручњаци од секторот за нафта и гас и претставници на власта.

Прочитајте повеќе: „Турски тек“ стартува порано од планираното

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Повеќе возбудливи стории и видеа на Фејсбук страницата на Russia Beyond-Македонија
Дознајте повеќе

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња