Гасот по „Турски тек” ќе тргне за Турција до крајот на 2019 година, изјави претседателот на Русија Владимир Путин по преговорите со претседателот на Турција Реџеп Таип Ердоган.
„Сметаме дека веќе до крајот на годината рускиот гас ќе почне да пристигнува до турските потрошувачи”, рече Путин, пренесува „Интерфакс”.
Рускиот претседател додаде дека, откако ќе биде изграден вториот крак на гасоводот, гасот ќе тргне и транзит преку територијата на Турција до Европа.
Претходно беше соопштено дека пуштањето во погон на првиот крак на „Турски тек” е планирано за 1 јануари 2020 година.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче