Како што соопшти службата за односи со јавноста на регионалното Министерство за природа, дијамантот е пронајден на 13 јули. Стручњаците веќе констатираа исклучително правилен облик, чистина и отсуство на технолошки оштетувања.
Освен тоа, на 8 јули на истото наоѓалиште беше ископан голем дијамант со јувелирски квалитет со маса преку 81 карати. Во мај беа пронајдени дијаманти со маса преку 127 и преку 222 карати (најголемите во историјата на подрачјето на Европа).
Наоѓалиштето на дијаманти „Владимир Гриб“ е четврто според резервите во Русија и седмо во светот. Откако во 2014 година официјално беше отворен рударско-преработувачкиот комбинат, извадено е преку 9 милиони карати дијаманти. Вкупните количини се проценуваат на сто милиони карати.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче