Москва и Пекинг склучија меѓувладин договор за префрлување на плаќања во националните валути. Операциите ќе ги вршат руската ВТБ и Трговската банка на Кина.
Претседателот на Комитетот на Државната Дума за финансиски пазари Анатолиј Аксаков рече дека еден од механизмите на меѓусебното плаќање во националните валути на двете земји може да биде создавање на мрежни премини меѓу руските и кинеските пандани на SWIFT, пренесуваат руските медиуми.
Како што соопшти ВТБ, банката има лиценца за територијата на Кина и е единствената таква банка во Русија. Покрај тоа, банката има соодветни сметки во рубли и јуани и интензивно ја промовира употребата на руската и кинеската валута во надворешнотрговската дејност.
Извор запознаен со преговорите соопшти дека механизмот за овој вид на плаќање треба да биде воспоставен до 2020 година. Како што се нагласува, прво на работење во рубли и јуани ќе преминат големите компании со државно учество. Изворот, исто така, рече дека плаќањето во националните валути ќе се реализира и врз основа на договорите кои првично биле склучени во американски долари.
Договорот за можноста за плаќање во националните валути беше потпишан на 5-ти јуни.
Русија и Кина ќе ги развиваат билатералните плаќања во националните валути, ќе ја поттикнуваат и шират употребата на националните валути, вклучувајќи и промоција на нивно користење за време на потпишувањето на надворешнотрговски договори. Страните, исто така, ќе применуваат мерки за отстранување на пречките што ќе се појавуваат при реализацијата на плаќањето во националните валути, пишува порталот „Взгљад“.
Во нацрт-договорот се наведува дека Москва и Пекинг имаат намера активно да го промовираат користењето на националните валути во меѓусебната трговија и инвестициското финансирање, да ја подржуваат трговијата и да создаваат поволни услови за инвестиции на економските субјекти од двете земји.
Претходно „Гаспромнефт“ почна со испораки на нафтени производи платени во рубли. Венецуела исто така изрази желба за премин на плаќање во рубли.
Министерот за надворешни работи на Русија Сергеј Лавров рече дека тенденцијата за откажување од плаќањата во долари зборува за почеток на еден голем историски период. Првиот човек на ВТБ банката Андреј Костин претстави минатата есен на Источниот економски форум план за дедоларизација на руската економија, истакнувајќи дека претседателот на Русија Владимир Путин го поддржал овој предлог.
Како што укажа Кремљ, процесот на дедоларизација е долготраен и сложен, меѓутоа тенденцијата за плаќање во националните валути се шири.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче