Руски банкар смислил план: Како да се ослободиме од доларот во четири точки

Global Look Press

Претседателот на управниот одбор на руската банка ВТБ Андреј Костин смислил план за ослободување од доларот кој е составен од четири главни точки. Тој за тоа зборува за рускиот весник „Известија“.

Прва точка: забрзан премин на други валути во пресметките со странските земји во рамките на извозно-увозните операции.

Втора точка: премин на најголемите руските холдинзи кои се под руска јуриздикција (нивната регистрација во странство ја отежнува реализацијата на следните чекори).

Потоа е неопходно, објаснува Костин, максимално префрлање на руските платформи за продажба на еврообврзница, а исто така сите учесници мораат да добијат лиценца за сите да работат според истите правила.

„Постојат и цела низа помали прашања. Нешто од тоа може да биде направено побрзо, а нешто ќе трае подолго. Но, на тоа треба да се работи“, додава тој.

Овој стручњак за финансии истакна дека на Далечниот исток на Русија банката ВТБ 70% од операциите во трговијата со Кина ги реализира во долари. Само 8% се реализира во јуани, а 22% во рубли.

„Ваквиот бизнис треба едноставно да се прошири, тоа во голема мера зависи од желбата на нашите извозници“, заклучи Костин.

Костин во септември на пленарното заседание на Московскиот финансиски форум изјави дека откажувањето од пресметката во долари во корист на националните валути може да трае со години, но дека тоа е неопходно за да се намали ризикот од влијанието на американската администрација.

Летово Костин на состанок со Владимир Путин рече дека стручњаците на банката ВТБ подготвиле предлог за зголемување на користењето на рубљата во меѓународните трансакции. Според него, ова не само што ќе овозможи рускиот финансиски сектор да се заштити од надворешни фактори, ами и ќе даде нов импулс за негов развој.

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Дознајте повеќе

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња