Дали се менува глобалниот тренд: БРИКС сѐ повеќе тргува во рубли

Pixabay

Уделот на извозните плаќања на Русија со партнерите од БРИКС (Бразил, Индија, Кина и Јужна Африка) во рубли во 2018 година во однос на 2013. пораснал за 7,2 пати, достигнувајќи 9,4 отсто од вкупниот руски извоз, проценува меѓународна ревизорска и консултантска мрежа FinExpertiza.

„Уделот на плаќање во американски долари меѓу земјите на БРИКС во последните пет години постепено се намалуваше, додека извозот од Русија во земјите од БРИКС во рубли се зголеми за 7,2 пати и достигна 9,4 отсто“, се вели во соопштението на авторите на студијата кое го објави агенцијата РИА „Новости“.

Вкупниот удел на доларот во извозот во земјите на БРИКС е намален за 20 и достигна 77 отсто или 51 милијарда долари.

Кога станува збор за рускиот увоз, трансакциите во долари опаднале за 18 и во моментов сочинуваат 72,3% од вкупниот руски увоз, односно 42,4 милијарди долари. Општо земено, трговијата со земјите од БРИКС во последните пет години пораснала од 105,4 на 125 милијарди долари.

„Трансакциите со Кина, главниот трговски партнер на Руската Федерација, исто така, се подложни на овој тренд: уделот на доларот се намалува и во извозот, и во увозот. Во последните пет години плаќањата во американска валута паднаа за 18 отсто во извозот, додека трансакциите во рубли пораснаа за 5,2 пати, а во евра 11 пати“, се наведува во истражувањето.

Најзначајните промени во валутната структура на рускиот извоз се случија во трансакциите со Индија. Плаќањата во долари со Њу Делхи опаднаа за 40 и во моментов сочинуваат 58,2 отсто од вкупните трансакции, додека во рубли пораснаа за 33,8 пати и во моментов изнесуваат 37,2 отсто од вкупните руско-индиски трансакции.

„Причината за престанок на плаќањата во американски долари и префрлувањето на трансакции во националните валути меѓу земјите на БРИКС е зголемувањето на трговскиот промет“, изјави Елена Трубникова, претседател на управниот одбор на консултантскат мрежа FinExpertiza.

„Само паритет на операциите за увоз-извоз може да обезбеди взаемна побарувачка на валутата на другата страна. На пример, постојниот обем на трговија меѓу Русија и Кина дозволува значителна промена во структурата во корист на националната валута“, додаде таа.

Прочитајте повеќе: Објавени резултатите на Русија во процесот за ослободување од доларот

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Дознајте повеќе

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња