Русија ги собира првите плодови на ослободувањето од зависноста од доларот

Global Look Press
Американците забележуваат намалена улога на доларот во руската економија.

Американскиот деловен магазин „Вол Стрит Џурнал“ пишува дека напорите на Русија преземени со цел намалување на зависноста на економијата од доларот ги даваат првите резултати.

Како што се наведува, Русија се приклучи на растечката листа земји кои се решиле да ѝ се спротивстават на превласта на американската валута, пренесуваат руските медиуми. „Таканаречената дедоларизација што ја поддржуваат претседателот Владимир Путин и руската Централна банка има амбиција да го ублажи ударот, доколку западните санкции бидат насочени кон финансискиот систем“, се вели во статијата. Како што се наведува, уделот на влоговите на физичките и правните лица во странски валути во руските банки опаднал во септември оваа година во однос на рекордните 37 отсто 2016 година и изнесувал 26%. Покрај тоа, во второто тромесечје ова година приходот од извозот во долари, кој 2013 година бележеше 80%, намален е на 68%.

Во прилог на овој факт оди и забрзаниот развој на трговијата меѓу Русија и Кина, во текот на кој последниве четири години е речиси зголемен за 4 пати обемот на плаќање во рубли и јуани, достигнувајќи 19% од вкупните трансакции. Руските официјални лица се залагаат за тргување со нафта со земји како Иран и Турција во националните валути, меѓутоа, преземените напори во тој правец не донесоа позначајни резултати, се наведува во текстот.

Авторот на статијата, исто така, смета дека на Русија ќе ѝ биде исклучително тешко во целост да се откаже од доларот, бидејќи во голема мера се потпира на извозот на нафта и гас. Од Кремљ претходно беше кажано дека дедоларизацијата на руската економија ќе биде долготраен и сложен процес, како и дека веќе постои тенденција на ширење на зделките во кои како средство за плаќање се користат националните валути.

Прочитајте повеќе: Што велат економистите за последиците кои за Русија би ги имало откажувањето од доларот?

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Дознајте повеќе

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња