Русија се откажа од плаќање во долари во воените договори

AP

Русија престанува во големите трговски договори да го користи доларот како средство за плаќање, изјави министерот за индустрија и трговија на РФ Денис Мантуров за порталот РБК.

Така, на пример, според рускиот министер, испораката на ракетните системи С-400 се плаќа во рубли или во националните валути на земјите-купувачи.

Како што истакна тој, во национална валута плаќаат, меѓу другите, Индија, Турција и Кина. На почетокот на октомври оваа година со Индија беше склучен договор вреден пет милијарди долари врз основа на кој оваа земја ќе добие пет полкови системи С-400. На Турција, според договорот од декември минатата година вреден 2,5 милијарди долари, ќе ѝ бидат испорачани четири дивизиони С-400, додека Кина доби шест дивизиони од супериорните руски ПВО-ПРО системи во вредност од преку три милијарди долари. Како што нагласи Мантуров, шемите на бартер тргувањето, инаку познати од почетокот на деведесеттите години на минатиот век, сега за среќа нема да бидат користени.

Треба да се каже дека првиот човек на ВЕБ банката Игор Шувалов минатиот изјави дека Русија и Кина подготвуваат документ за тргување во националните валути кој би требало да биде потпишан до крајот на оваа година.

Прочитајте повеќе: Русија ги собира првите плодови на ослободувањето од зависноста од доларот

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Дознајте повеќе

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња