Рускиот производител на дијаманти „Алроса“ го провери функционирањето на механизмот за продажба на роба на странски купувачи во рубли, склучувајќи такви зделки со клиенти од Индија и Кина, соопшти службата за односи со јавноста на оваа компанија.
Како што се наведува во соопштението, во Кина плаќањето е извршено преку филијалата на банката ВТБ во Шангај. Кинеска компанија ја платила робата набавена на аукција на дијаманти со посебни димензии (маса преку 10,8 карати) во Хонконг.
Долгогодишен купувач на „Алроса“ од Индија платил една договорена испорака во рубли така што ги префрлил парите од своја сметка во руска банка чие име не е наведено.
Како што се нагласува, компанијата е подготвена да продолжи со практиката на плаќање во рубли според потребата.
„Алроса“ е руска дијамантска рударска компанија со државен удел и еден од најголемите производители на дијаманти во светот.
Потпретседателот на руската влада и министер за финансии Антон Силуанов изјави дека Русија како одговор на новите американски санкции ќе го зголеми обемот на плаќање во национални валути. Претходно тој рече дека американскиот долар е несигурен инструмент за регулирање на меѓународната трговија.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче