Руската компанија за експлоатација на дијаманти „Алроса” пронајде во пресрет на Денот на свети Валентин дијамант во форма на срце, се наведува во соопштението на компанијата. Скапоцениот камен тежок 65,7 карати е пронајден при крајот на јануари во кимберлитскиот вулкански канал „Удачна” во Јакутија. Стручњаците проценуваат дека е стар преку триста милиони години. Дијамантот во моментов се наоѓа во Единствената продажна организација на „Алросе”, каде поминува детална анализа и процена.
„Во природата многу ретко се среќаваат дијаманти со препознатлив облик, кои потсетуваат на некој предмет или симбол. Повеќето дијаманти имаат облик на октоедар или воопшто немаат изразен облик. Појавата на дијамант во вид на срце, особено во пресрет на Денот на вљубените, изгледа како симболичен подарок”, рече директорот на Единствената продажна организација Евгениј Агуреев.
Во соопштението се наведува дека минатата година за „Алроса“ била година на необични пронајдоци. На пример, летоска, за време на Светското првенство во фудбал, компанијата претстави дијамант во облик на фудбалска топка, а во пресрет на Ноќта на вештерките во облик на череп.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче