Колкава е вредноста на странските нарачки на руска воена техника?

Кирил Калиников/Sputnik

И покрај санкциите, вредноста на странските нарачки на руска воена техника е во постојан пораст и денес се проценува на 54,5 милијарди долари, изјави рускиот премиер Дмитриј Медведев.

„Квалитетот и сигурноста на руското оружје се добро познати во целиот свет и токму затоа против него се воведуваат различни санкции. И покрај санкциите кои, очигледно, се поврзани со прашањето на конкуренцијата, странските порачки на руска воена техника и понатаму се на многу високо ниво. Денес се проценуваат на 54,5 милијарди долари. Меѓу руските партнери се наоѓаат преку 100 земји“, рече Медведев во рамките на поднесувањето до Државната Дума на годишниот извештај за работата на Владата, пренесуваат медиумите.

Медведев исто така истакна дека уделот на робата за цивилна намена во руската одбранбена индустрија 2018 година бил преку 20%.

„Одбранбената индустрија успешно ја решава и задачата за диверзификација на производството. Уделот на робата за цивилна намена во вкупниот обем на производството минатата година надмина 20%”, додаде рускиот премиер.

Претходно беше соопштено дека Медведев ветил дека ќе најде средства за развој на ново оружје во врска со повлекувањето на САД од Договорот за ликвидација на ракетите со мал и среден дострел.

Прочитајте повеќе: Направена листа на најголемите извозници на оружје: Дознајте кој е на врвот

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Повеќе возбудливи стории и видеа на Фејсбук страницата на Russia Beyond-Македонија
Дознајте повеќе

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња