„Гаспром“: Изградени речиси илјада километри на гасоводот „Северен тек 2“

Reuters

Рускиот енергетски гигант „Гаспром“соопшти дека поставил 915 километри од гасоводот „Северен тек 2“ односно реализирал 37 отсто од вкупната должина (два крака) на цевководот кој во блиска иднина ќе ја снабдува Европа со руски гас преку Балтичкото Море.

„Во овој момент е реализирано 37 отсто од проектот за гасоводот „Северен тек 2“, односно на дното на Балтичкото Море се поставени 915 километри цевковод. Изградбата на морската делница на гасоводот се одвива со строго почитување на предвидениот план за работа“, се наведува во соопштението „Гаспром“.

Проектот „Северен тек 2“ подразбира изградба на два крака на гасоводот со вкупен капацитет од 55 милијарди кубни метри гас годишно преку кој овој енергенс ќе се транспортира од брегот на Русија преку Балтичкото Море до Германија. Изградбата на новиот гасовод треба да биде завршена оваа година, а ќе поминува преку територијални или ексклузивни економски зони на земјите кои се наоѓаат по должината на брегот на Балтичкото Море, Руската Федерација, Финска, Шведска, Данска и Германија. Од наведените земји компанијата Nord Stream 2 AG треба да добие дозвола за изградба уште само од Данска.

Единствени акционер на претпријатието „Nord Stream 2 AG“ е „Гаспром“.

Европските партнери Shell, OMV, Engie, Uniper и Wintershall се обврзаа дека ќе го финансираат „Северен тек 2“ во вкупна вредност од 50 отсто, односно по 950 милиони евра. „Гаспром“ ќе ја обезбеди втората половина од средствата или 4,75 милијарди евра. Со тоа, што учесниците во проектот планираат да обезбедат 70 отсто од  инвестицијата со привлекување на проектно финансирање.

Вкупната вредност на проектот е проценета на 9,5 милијарди евра.

Против проектот активно истапува Украина, која се плаши од губење на приходите од транзитот на рускиот гас, како и неколку европски земји, меѓу кои се Полска, Латвија и Литванија, како и САД, кои во Европската унија го форсираат својот течен природен гас.

Прочитајте повеќе: Русија извезла во Европската Унија повеќе течен природен гас отколку САД

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Дознајте повеќе

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња