„Гаспром“ планира да изгради огромна фабрика на Балтикот

Global Look Press
Руската компанија „Гаспром“ почна со работа на проект во вредност од 20 милијарди долари за изградба на голема фабрика за преработка на гас на Балтичкото море, во која годишно ќе се преработуваат до 45 милијарди кубни метри гас, изјави претставник на „Гаспром“ за весникот „Ведомости“.

Партнер на националниот гигант за нафта и гас ќе биде „Русгасдобича“, која претходно беше во сопственост на Аркадиј Ротенберг, изјави соговорникот на наведениот весник, инаку топ-менаџер на еден од партнерите на „Гаспром“. Претставникот на „Гаспром“ исто така потврди дека се работи на овој проект.

Во случај на реализација тоа би бил вториот по висина на вложувањата инвестициски проект на „Гаспром“ по гасоводот „Силата на Сибир“. Се планира комплексот да биде изграден кај Санкт Петербург, недалеку од пристаништето Уст Луга. Во фабриката за преработка на гас ќе се врши чистење на гасот од примеси. Добиениот метан ќе се испорачува заради ликвидификација на фабриката „Балтик СПГ“, која исто така треба да биде изградена во близина на устлушкото пристаниште. Меѓутоа, за таква фабрика за производство на течен природен гас со капацитет од 10 милиони тони доволни се меѓу 14 и 15 милијарди кубни метри годишно од овој енергенс. Затоа е и планиран извоз на преостанатата количина сино гориво преку гасоводот „Северен тек 2“.

Издвоените од гасот корисни фракции ќе се користат за производство на етилен и полиетилен. На тој начин би можело да се произведат околу 1,5 милиони тони полиетилен за продажба на европскиот пазар.

Во овој момент проектот се наоѓа во фаза на развој. За работата на проектот компанијата „Русгасдобича“ го ангажираше научноистраживачкиот институт за нафта и гас „Петон“.

Прочитајте повеќе: „Гаспром” на прво место на ранг-листата на најголеми енергетски компании на светот

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Дознајте повеќе

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња