Со поддршка на Министерството за индустрија и трговија на РФ е направен и веќе тестиран софтверско-хардверски систем за „мониторинг на полињата“ кој ја користи руската навигација ГЛОНАСС. Со негова помош во единствениот систем ќе се вмрежат електронската дигитализација на релјефот, системите за „машински вид“, автономното управување со техника (без возач) и симулација на процесот на одгледување билки“, рече Денис Мантуров. Благодарение на таквите проекти се создаваат услови за премин на рускиот агроиндустриски сектор на принципите на дигиталната економија, истакна министерот.
Се предвидува дека до 2030 година обемот на производство на земјоделска техника и опрема во Русија ќе достигне вредност од 300 милијарди рубли, а застапеноста на техниката од домашно производство во земјоделските домаќинства веќе од 2021 година ќе достигне 80%.