Дете кое израснало за време на Советскиот Сојуз - претприемачот Ољга Ускова е инспирирана од филм во кој се прикажува футуристички трактор кој работи на полето.
Брзо се пренесува во 21 век каде Ускова го разбива стереотипот дека ИТ-индустријата им припаѓа претежно на мажите, основајќи ја компанијата „Когнитивна технологија“ (Cognitive Technologies), која е пионер на безжичните технологии во земјата.
Олга Ускова. Фотографија од приватна архива.
Минатата недела нејзините соништа конечно се остварија: првиот беспилотен руски трактор беше тестиран на полето. „Потрошивме повеќе од пет години во работа на овој проект и постигнавме одлични резултати“, рече Ускова.
Беспилотните трактори сè почесто се среќаваат во целиот свет. Џон Дијр, на пример во моментов има околу 200 илјади фарми во целиот свет.
Според Ускова рускиот беспилотен трактор е различен, бидејќи има само една камера, за разлика од постоечките кои користат ласерски скенери за движење по работ на полето.
Првиот руски роботизиран трактор. Извор: Press photo
„Успеавме да создадеме напреден систем за видеонадзор, кој ѝ овозможува на една камера да постигне слични резултати како водечките брендови кои користат три до четири сензори“, вели Ускова во соопштението. „Како резултат на тоа, трошоците за користење на нашата технологија се три до четири пати помали“.
Таа верува дека ова ѝ дава на нејзината компанија значајна предност на меѓународните пазари, на кои се надева да влезе.
Новиот трактор на Ускова сè уште има потреба од возач што сепак не личи на оној за кој сонува додека ја гледала омилената стара романтична драма „Ова се случува во Пенково“ (Пенково е селото, каде се одржува дејството во филмот).
„Ова се случува во Пенково“.
Возачот треба да присуствува за да ја контролира машината, но системот со вештачката интелигенција значително го намалува оптоварувањето на земјоделецот, кој може да се фокусира на други нешта како брзина и агол, кои директно влијаат на бербата. Вештачката интелигенција го управува тракторот, кога се движи по работ на полето и системот праќа сигнал кога е подготвен да ја преземе контролата.
Ускова изјави дека тестовите ќе бидат завршени до крајот на летото, а потоа ќе започне производството на беспилотниот трактор.
Првиот руски роботизиран трактор. Извор: Press Photo
„Руските трактори со користење беспилотна технологија, ќе можат да се натпреваруваат со водечките светски брендови“, смета таа. „Планираме да обезбедиме целосно беспилотен трактор до 2023-2024 година“.
„Когнитивни технологии“, исто така соработува со државната компанија КАМАЗ за изградбата на првиот беспилотен камион во Русија за Светското првенство во 2018 година.
„Кога пред неколку години почнав да создавам беспилотна техничка компанија, сите мислеа дека сум луда“, се сеќава Ускова. Но, веќе е јасно дека времињата се менуваат.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче