Испораките на руско говедско месо во Турција веројатно ќе почнат 2019 година, соопшти за новинарите министерот за земјоделство на РФ Дмитриј Патрушев.
Коментирајќи го развојот на меѓународната соработка во земјоделската сфера, Патрушев во кулоарите на Рускиот инвестициски форум во Сочи истакна дека во 2018 година извозот на руски земјоделски производи во Турција пораснал за 7% во споредба со претходната година и достигнал 1,9 милијарди долари.
„Тоа се случи пред сѐ благодарение на значителното зголемување на извозот на пченица и јачмен. Притоа во иднина понудата на производи ќе биде сѐ поширока. На пример, Министерството за земјоделство очекува веќе годинава да почне испораката на руско говедско месо“, рече министерот.
Тој притоа истакна дека Русија има многу планови за ширење на извозот на меѓународниот пазар. „Еден од најважните правци на развој во моментов е Блискиот Исток, меѓу другото, интензивниот развој на трговските односи со Иран“, истакна Патрушев.
Во 2018 година трговската размена во сегментот на земјоделски производи меѓу Русија и Иран порасна за 1,5 пати и достигна околу 1,2 милијарди долари. Рускиот извоз е зголемен за речиси 45% поради зголемувањето на количините на извезените пченка, масло, овчо и козјо месо.
„Трилатералниот договор за испораки на пченица на иранскиот пазар, потпишан неделава меѓу Русија, Казахстан и Иран, би можел да биде уште еден чекор во правец на развој на односите на нашата земја со Техеран“, додаде Патрушев.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче