Винарии и производители на храна од Македонија на „Продекспо 2019“ во Москва

Македонска-руска стопанска комора
На најголемиот саем за широка потрошувачка во Руската Федерација и во Југоисточна Европа „Продекспо 2019“ што се одржува од 11-19 февруари во Москва, Република Македонија се претставува со свој национален штанд.

„На националниот штанд на 65 квадратни метри руските увозници и дистрибутери, трговските ланци и најголемите маркети, како и другите деловни луѓе и бројните посетители, ќе можат да ќе се сретнат со врвни македонски вина и квалитетна храна од овдешните производители.

Македонско-руската стопанска комора по десетти пат, а со државната поддршка по осми пат, го организира презентирањето на македонската прехранбена и индустријата на пијалаци, микс што маркетиншки влијае на зголемување на пласманот македонските стоки на овој голем пазар“, изјави Дејан Бешлиев, извршен директор на Македонска-руската стопанска комора.

Во „Експоцентарот“ во Москва на „Продекспо 2019“ на 100000 квадратни метра ги изложуваат своите производи 2442 компании од 69 држави од светот со 29 национални штанда, меѓу кои е и македонскиот. Се очекува во наредните пет дена саемската манифестација да ја посетат преку 62000 посетители од 100 држави и сите федерални области во Русија.

За време на саемските денови ќе се одржат и 28 тематски конференции, на кои свое учество ќе земат и македонските деловни луѓе и Македонско-руската стопанска комора.

Македонските компании кои учествуваат на саемот ќе го искористат настанот за интензивни контакти со руските партнери, но се очекуваат и бројни деловни средби со претставници на руската стопанска комора и другите деловни асоцијации, како и со официјални лица на руската администрација, се вели во соопштението на Одделението за информирање на Македонска-руската стопанска комора.

Прочитајте повеќе: Црвен сигнал за македонската економија: Се намалува трговската размена со Русија

 

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Дознајте повеќе

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња