Македонија се претстави на саемот за храна World Food 2018 во Москва

Македонска-руска стопанска комора

Република Македонија од 17 до 20 септември учествуваше со свој Национален штанд на најголемиот прехранбен саем во Југоисточна Европа „Мир питания 2018“ (World Food 2018) во Москва. Дванаесет македонски компании, производители и преработувачи на свежо овошје и зеленчук ги изложија своите производи пред посетителите на саемот и бизнис- круговите од овој дел на светот.

Македонската бизнис-делегација составена од 25 деловни луѓе ја предводеше м-р Дејан Бешлиев, извршен директор на Македонско-руската стопанска комора.

Бешлиев истакна дека во првите шест месеци од 2018 „македонските компании во Руската Федерација имаат извезено зеленчук во износ од 5,7 милиони долари и овошје за близу 4,9 милиони долари“. Меѓутоа, според него, загрижува податокот за преполовување на извозот на зеленчук во споредба со лани, најмногу поради изостанувањето на пласманот на свежа зелка. Сепак, за тоа „нема никакви политички причини, туку се работи за одредено неснаоѓање на домашните компании со силната конкуренција на која се изложени на овој пазар“.

Саемот „World Food 2018“ се одржа во „Експоцентарот“ во Москва и на него се претставија  1600 компании од 62 држави. Изложбата на храна просечно ја посетуваат преку 30000 посетители од 79 региони во Русија и 90 други држави. Дури 25000 посетители или 84 отсто од посетителите влијаат на одлучувањето за купување на производи презентирани на саемските штандови.

Прочитајте повеќе: Црвен сигнал за македонската економија: Се намалува трговската размена со Русија

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Дознајте повеќе

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња