Според податоците на Државниот завод за статистика, во јуни е забележан минимален пораст на бројот на руски туристи кои престојувале во Република Македонија.
Евидентирана е посета на 775 руси, што претставува 1% од вкупниот број на туристи кои што допатувале во земјава.
Руските туристи оствариле 2096 ноќевања, што е 1,2% од вкупниот број на ноќевања што ги реализирале туристите од странство.
Најголем број на странски туристи имало од Турција - 11717, Србија - 6133, Полска - 5841, Бугарија - 4887, Холандија – 4489,...
Република Македонија во јуни 2018 година ја посетиле вкупно 102327 туристи, кои оствариле 243175 ноќевања, се вели на сајтот на Македонска-руска стопанска комора.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче