Македонски прехранбени производи ќе се продаваат на рускиот пазар

Камион

Камион

Македонска-руска стопанска комора
Дваесет тони прехранбени производи од четири македонски компании ја сочинуваат првата пратка што тргна денеска од Македонија за Русија, договорена за пласман преку „Македонскиот изложбено-трговски дом“ лоциран во „Фуд сити“ во Москва.

Дејан Бешлиев, извршен директор на Македонско-руската стопанска комора дека првата пратката ја сочинуваат вода, бисквити, соленки, производи од конзервната индустрија на фирмите „Вори“, „Горска“, „Свислион“ и „Гранд експорт“  и оти преку трговскиот дом во процедура се уште извози од фирми од Македонија.

„Земјоделството опфаќа 70 проценти од извозот на Македонија во Руската федерација. Се надеваме дека со овој чекор и извозот преку трговскиот дом годинава ќе се надмине вредноста на ланската трговска размена меѓу двете држави, која изнесуваше  200 милиони долари, како и дека освен земјоделските ќе бидат застапени и производи од други гранки“, изјави Бешлиев.

Според претставниците на македонските компании „Гранд експорт“ и  „Свислион“, во најава е склучување директни договори со големи синџири маркети и големопродажни компании од Руската Федерација и држави од Евроазискиот сојуз.

„Најголеми можности покрај земјоделските имаат и производите од кондиторската индустрија“, изјави Никола Јовановски од „Гранд експорт“.

Благоја Цветковски од „Свислион“ изјави дека компанијата гледа во рускиот пазар голем потенцијал за извоз.

Тринаесет компании од Македонија досега склучиле договор со „Македонски дом“ во Москва, отворен пред шест месеци, како место за промоција, изложба и директна продажба на производи од домашни фирми. На македонските извозници на располагање им се и над 300 синџири маркети со над 20000 продавници низ Руската Федерација, се вели во соопштението на сајтот на Македонско-руската стопанска комора.

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња