Црвен сигнал за македонската економија: Се намалува трговската размена со Русија

Македонско-руската стопанска комора
Во првата половина на 2018 година извозот на македонски производи во Руската Федерација е значително намален. Експертите велат дека намалувањето не е предизвикано од политички, ами од економски фактори.

Во просториите на Стопанската комора на Република Македонија вчера беше одржана трибина-обука насловена „Особености на рускиот пазар и стратегија на успех (потенцијал, реализација, можности). Организатор на настанот беше Македонската руска стопанска комора, а учество на него зедоа повеќе од 30 компании од Република Македонија.

На почетокот на настанот се обрати извршниот директор на Македонската руска стопанска комора Дејан Бешлиев, кој на присутните им ги презентираше најновите податоци од трговската размена помеѓу Руската Федерација и Република Македонија. Во првата половина од годинава вкупниот обем на размена меѓу Република Македонија и Руската Федерација бележи опаѓање од 12.7 отсто, што е за 9.3 милиони американски долари помалку во однос на истиот период лани. Размената ја достигнала бројката од 64.2 милиони американски долари. Загрижувачки е фактот што македонскиот извоз е намален за речиси една четвртина во споредба со истиот период лани (24.36%). Македонските компании на рускиот пазар пласирале стока во вредност од 31.1 милион американски долари. Увозот од Русија во првите шест месеци изнесувал 33.1 милион американски долари и е намален за 1.94 отсто. Трговскиот дефицит на македонска страна е близу 2 милиони американски долари.

Трговска размена помеѓу Русија и Македонија по години, изразена во милиони американски долари.

„Овој преоден шестомесечен намален обем на размена со Руската Федерација воопшто не се должи на некои политички причини или притисоци, со оглед на чуствителната фаза на меѓусебните односи на двете земји. Единствено, се работи за економски причини – македонските извозници се подложни на енoрмно зголемена конкуренција на рускиот пазар од производители од другите земји и претстои макотрпно прилагодување за да се издржи и задржи позицијата кај руските трговци-увозници. На пример, добар дел од намалениот македонски извоз во овој период се должи на драстично намалениот пласман на македонската рана зелка, бидејќи рускиот пазар беше преплавен со овој зеленчук од Иран и други земји со далеку пониски цени“, вели Ѓорѓи Дика, претседател на Македонско-руската стопанска комора.

Структура на размената со Русија по производи (извоз)

Според извршниот директор Дејан Бешлиев, проблемот со извозот на млада зелка има голем удел во дискрапанцата од првите шест месеци од годинава. Тој подвлече дека иранската младa зелка се продавала за 0.25 евроценти, додека македонските производители својата зелка ја нуделе за 0.30 евроценти. Во единица мерка разликата не е мала, но станува збор за големи количества, со што руските увозници се решавале за иранската млада зелка која го има истиот квалитет како и македонската, но која е со многу пониска цена.

И покрај оценката дека до крајот на годинава размената ќе ја достигне и ќе ја надмине бројката од 200 милиони американски долари, сепак Македонско-руската стопанска комора го запали „црвеното светло“ и со директен контакт со руски експерти се обидува да детектира каде се потенцијалите и можностите за поголем извоз во оваа земја – не само годинава, туку воопшто во иднина како тенденција на зголемување на меѓусебната економска соработка и врз таа основа поголеми бројки во размената и колку е можно нејзино урамнотежување.

Структура на размената со Русија по производи (увоз)

Но, експертите не се песимисти. Тие спасот од ваквата ситуација го гледаат во поддршката од државата. Во таа насока во организација на Македонско-руската стопанска комора, а со финансиска поддршка на ресорното Министерсто за земјоделство, шумарство и водостопанство дванаесет македонски компании од 17 до 20 септември ќе учествуваат на Националниот штанд на „Мир Питание 2018 (World food 2018)“ во Москва, со цел да најдат деловни партнери во Русија.

На трибината-обука руски експерти од областа на увозната трговија ги советуваа македонските компании кои сѐ уште не се влезени на Рускиот пазар, а имаат намера да го сторат тоа, како да ја постигнат својата цел. Тие укажаа и на определени непополнети места на рускиот пазар кои можат да ги заземат македонскте производители.

Она што повторно се истакна е непостоењето директна авионска врска помеѓу Скопје и Москва. Овој проблем е потребно да се надмине што побргу, зашто од постоењето на директна авионска линија полза имаат не само патниците, ами и целокупниот македонски туризам, но и трговците, имајќи ги предвид економските механизми со кои може да се започне трговијата.

„Бизнисмените треба да настапуваат со разработена маркетинг-стратегија на овој петти по големина пазар во светот. Во Москва се присутни производите од Македонија и проценуваме дека имаат голема шанса за пласман на рускиот пазар. Но, мора да постои баланс помеѓу цената и квалитетот на производите и на тоа особено треба да се посвети внимание“, истакна Виктор Алексеев, главен експерт за продажба во „Македонски дом“.

Она што повторно се истакна е непостоењето директна авионска врска помеѓу Скопје и Москва. Овој проблем е потребно да се надмине што побргу, зашто од постоењето на директна авионска линија полза имаат не само патниците, ами и целокупниот македонски туризам, но и трговците, имајќи ги предвид економските механизми со кои може да се започне трговијата. 

„Бизнисмените треба да настапуваат со разработена маркетинг-стратегија на овој петти по големина пазар во светот. Во Москва се присутни производите од Македонија и проценуваме дека имаат голема шанса за пласман на рускиот пазар. Но, мора да постои баланс помеѓу цената и квалитетот на производите и на тоа особено треба да се посвети внимание“, истакна Виктор Алексеев, главен експерт за продажба во „Македонски дом“.

Она што беше особено подвлечено е дека македонските производители треба со меѓусебна соработка да настапат заеднички на рускиот пазар, со цел да се развие таканаречен македонски бренд кој ќе биде препознатлив за руските потрошувачи.

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Дознајте повеќе

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња