Златните и девизните резерви на Русија зголемени за преку 7%

Економија
RUSSIA BEYOND - МАКЕДОНИЈА
Златните и девизните резерви на Русија се зголемени за преку 7% и до крајот на оваа година ќе достигнат 464 милијарди долари, изјави на 20 декември претседателот на Русија Владимир Путин на големата годишна прес-конференција.

Шефот на руската држава исто така го истакна растот на БДП-то во Русија. Според него, за 10 месеци од оваа година овој показател пораснал за 1,7%, што е за 0,1% пониско од прогнозата на Министерството за економски развој на Русија за оваа година. Посебен раст бележи индустријата: 2,9% во периодот од јануари до октомври оваа година, во споредба со 2,1% во 2017 година. 

Освен тоа, пораснале и инвестициите во основниот капитал на Русија. „За трите квартали инвестициите во основниот капитал беа 4,1%. Порасна и трговската размена и обемот на трговија на мало: за 2,6%”, рече Путин.

Рускиот лидер истакна дека, благодарение на овие и на други показатели, рускиот федерален буџет првпат од 2011 година ќе биде реализиран со позитивно салдо од околу 2,1% на БДП-то. Тој исто така укажа на зголемувањето на Фондот за национална благосостојба (ФНБ), кој на крајот на оваа година ќе биде зголемен за 22%.

На 28 ноември министерот за економски развој на Русија Максим Орешкин изјави дека руската економија успева да се избори со надворешните предизвици и останува стабилна. Според него, позитивното салдо на буџетот и приходите од трговијата со нафта ќе овозможат да се ослаби негативното влијание врз руската економија.

Прочитајте повеќе: Каде ги чува Русија своите резерви на злато?