Централната банка на Русија купи рекордна количина на злато

Владимир Веленгурин

Во третото тримесечје годинава светските централни банки набавија рекордни количини на злато за изминатиот четиригодишен период, а Русија стана најголемиот купувач, се вели во извештајот на Светскиот совет за злато (WGC).

Во последните три месеци од оваа година во светот се пазарени преку 148 тони злато, што е за 22 отсто повеќе во однос на истиот период лани. Најголемите количини на овој скапоцен метал купија Русија (99,2 тони) и Турција (18,5), пренесуваат руските медиуми.

Резервите на злато на Централната банка на Русија првпат надминаа две илјади тони. Во овој момент Русија поседува 17 отсто од светските залихи чија вредност се проценува на преку 78 милијарди долари. Своите резерви на злато ги зголемија и Казахстан (за 14, 4 тони), како и Индија и Полска со по 13,7 тони.

„Станува збор за долгорочна стратегија која не се спроведува првпат, а во моментов е многу активна. Претходно бевме сопственици на стотици милијарди долари во американски хартии од вредност, на пример 2010 година 176 милијарди долари, а сега тоа е едвај малку повеќе од 10 милијарди. Ние на таа приказна скоро ставивме точка. Кога се во прашање златните резерви, ги зголемуваме поинтензивно од кој било друг. Среќа што и самите произведуваме злато, а не го увезуваме како некои други земји, како што е, да речеме, Турција, која увезува многу злато од Венецуела. Златото е нашиот стабилен ресурс кој многу високо го цениме“, коментира политикологот од Високата школа за економија Андреј Суздаљцев, пренесува РИА „Новости“.

Прочитајте повеќе: Каде ги чува Русија своите резерви на злато?

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Дознајте повеќе

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња