Трошоците на Пентагон за воени научни истражувања и експериментални проекти во 2019 година ќе бидат речиси 35 пати поголеми од руските, соопшти Министерството за одбрана на Русија.
„Во 2019 година воените трошоци за научноистражувачке и експериментално-конструкторски проекти во САД ќе бидат 34,7 пати поголеми од руските. 2018 година тие беа 26,2 пати поголеми, а 2017 година 19,8 пати”, се наведува во материјалот за завршното заседание на колегиумот на Министерството за одбрана, пренесува РИА „Новости”.
Сумата која САД во 2019 година планираат да ја издвојат за купување оружје и воена техника е 8,2 пати поголема од руските трошоци. Во 2018 година трошоците на САД беа 6,8 пати поголеми од руските, додека 2017 година беа поголеми 5,2 пати, наведува руски воен ресор.
„Трошоците за ремонт на вооружувањето и воената техника на САД во 2019 година ќе бидат 10,5 пати поголеми од истите трошоци на Русија. Во 2018 година тие беа поголеми 8,2 пати, а 2017 година поголеми 7,4 пати”, заклучува Министерството за одбрана на РФ.
Порталот „Бизнис Инсајдер“ во ноември објави ранг-листа на најсилните Вооружени сили на светот. Вооружените сили на САД се најдоа на првото место, додека Русија ја зазеде втората позиција.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче