Турција почнува со изградба на копнената делница на гасоводот „Турски тек“ на својата територија, изјави претседателот Реџеп Таип Ердоган при претставувањето на акциониот план за вторите 100 дена од работата на новата влада по преминувањето на претседателски систем на управување.
„Ја почнуваме изградбата на копнената делница на „Турски тек“ на наша територија“, рече Ердоган, пренесува агенцијата ТАСС.
Кон крајот на ноември во Црното море беше завршена морската делница на гасоводот „Турски тек”. На церемонијата на завршување на работите присуствуваа претседателите на Русија и на Турција Владимир Путин и Реџеп Таип Ердоган.
„Турски тек” е новиот извозен гасовод од Русија до Турција преку Црното море. Првиот крак на гасоводот е наменет за испорака на гас на турските потрошувачи, а вториот крак за снабдување на земјите од јужна и југоисточна Европа. Според претседателот на Управниот одбор на „Гаспром” Алексеј Милер, тоа е уникатен проект: првпат на длабочина од 2,2 километри е поставена цевка со пречник 813 милиметри. Должината на секој крак на гасоводот е преку 930 километри. Капацитетот на гасоводот е 31,5 милијарди кубни метри гас годишно.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче