Јужен или Турски тек – што е поисплатливо?

Рускиот министер за енергетика Александар Новак и првиот човек на Гаспром Алексеј Милер на прес-конференцијата на претседателот Владимир Путин и неговиот турски колега Реџеп Таип Ердоган по нивната средба во Санкт Петербург.

Рускиот министер за енергетика Александар Новак и првиот човек на Гаспром Алексеј Милер на прес-конференцијата на претседателот Владимир Путин и неговиот турски колега Реџеп Таип Ердоган по нивната средба во Санкт Петербург.

Ројтерс
Русија избира помеѓу двата проекти за гасовод по дното на Црното Море: преку Турција или преку Бугарија. Во обата постојат определени политички ризици, велат експертите.

По средбата на претседателот на Русија Владимир Путин со турскиот лидер Реџеп Таип Ердоган на 9 август во Санкт Петербург претставниците од руската страна изјавија за можно одмрзнување на два крупни гасни проекти – Јужен тек и Турски тек. Русија и Турција водат преговори за почеток на изградбата на гасоводот Турски тек, изјави првиот човек на Министерството на енергетика Александар Новак. Притоа рускиот претседател не ја исклучува можноста земјата да се врати на преговори за Јужен тек – гасовод од Русија во Бугарија и понатаму во земјите од Јужна Европа. „Сега само намерите се малку, треба да се обезбедат цврсти правни гаранции“, појасни Владимир Путин. 

И двата проекта за гасоводи претпоставуваат испорака на гас по дното на Црно Море со обем до 63 милијарди кубни метри годишно. На почетокот Русија планираше да го реализира проектот Јужен тек, но во декември 2014 година тој беше замрзнат по иницијатива на Бугарија, а под притисок на Европската комисија. Како што објаснија бугарските власти, проектот не бил во согласност со нормите на Третиот енергетски пакет, според кој една иста страна не може да ја поседува инфраструктурата и да биде доставувач на гориво. Руски Гаспром настојуваше на тоа дека овие норми не се однесуваат на Јужен тек, со оглед на тоа дека спогодбата за проектот е потпишан претходно. Во ваква ситуација на крајот на 2014 година Владимир Путин го најави новиот проект – Турски тек, кој всушност е истиот гасовод по дното на Црно море но беше решено да биде свртен кон Турција. Сепак откако турските ВВС во ноември 2015 година го соборија рускиот авион, проектот беше замрзнат.

Што е поисплатливо

Според експертите, обата проекти носат со себе сериозни политички ризици, но во однос на непроменетата позиција на Европската Унија за Третиот енергетски пакет, Турски тек е позгоден за Русија. Иако, во ваква ситуација Гаспром станува зависен од турската страна. „Турција како земја-транзитер со себе носи значителни ризици“ објаснува за „Руска реч на македонски“ Сергеј Хестанов, советник за макроекономија на генералниот директот „Откритие Брокер“. Според него, со изградба на гасовод преку Турција, оваа земја ќе ги добие истите можности за политички притисок врз Русија, кои во моментов ги има Украина. Згора на тоа турскиот гасен монопол Ботас дури се обратил до меѓународниот суд со барање за попусти од Гаспром.

Сепак, за разлика од Бугарија, оваа земја нема да треба да се усогласува со барањата на Европската комисија, туку самостојно ќе носи одлуки. „Доколку Турција влезе во ЕУ, ќе биде невозможен договор: изградбата на Јужен тек со крак во Грција и Бугарија беше блокирана имено од Европската комисија“, изјави за „Руска реч на македонски“ Георгиј Вашченко, началник на управата за операции на руската берза на инвестициската компанија „Фридом Финанс“.

Ниски цени на гас

Уште еден ризик кај двата проекта се огледа во тоа што во услови на замрзнување на гасоводите по дното на Црно Море во 2016 година, Русија објави дека ќе се проширува Северен тек – гасоводот по дното на Балтичко Море. Во ваква ситуација ризикот за Турски тек и за Северен тек, според експертите, не се политичките одлуки, ами ниските цени на гасот. Цените на „синото гориво“ се врзани со цените на нафтата, а тие се наоѓаат на стабилно ниско ниво. „Денес економијата не функционира во полза на двата тека, со оглед на тоа дека цената на гасот на границата со Германија пред само еден месец беше на историскиот минимум и тешко дека ќе ги достигне максимумите кои беа актуелни за 'потоците' на дното на Црнот Море“, вели за „Руска реч на македонски“ Иван Капитонов, доцент на Вишата школа за корпоративно управување при Руската академија за народно стопанство и јавна администрација. Според него, Јужен и Турски тек се многу скапи. На пример, Турски тек чини речиси 2 милијарди евра повеќе, одошто Северен тек-2 кој активно се развива годиниве.

Во моментов, според Сергеј Хестанов, постоечките гасоводи имаат вишок моќност. „Доколку украинскиот транзит работи правилно, нема потреба од изградба на нови гасоводи“, вели тој. На таков начин, од гледна точна на економијата засега има едно правилно решение – изградба на Северен тек-2, што ќе овозможи откажување од украинскиот транзит, додава Капитонов. Притоа, според него, преговорите за Јужен и за Турски тек само ги зацврстуваат позициите на Русија за преговори со партнерите од Северна Европа.

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Повеќе возбудливи стории и видеа на Фејсбук страницата на Russia Beyond-Македонија

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња