Поместен рокот за почеток на испораката на гас преку „Турски тек“ во Европа?

Stefan Sauer/dpa/Global Look Press

Српската и бугарска делница на продолжението на гасоводот „Турски тек“ нема да биде подготвена пред крајот на 2020 година, а ќе профункционира дури во јануари 2021 година, што ќе доведе до одложување на испораката на гас по новата маршрута во Централна и Источна Европа најмалку за година дена, соопштија информирани извори.

Според информациите од извор упатен во текот на изградбата на продолжението на гасоводот „Турски тек“ преку територијата на Србија под називот New Transmission Gas Pipeline (NTGP), ни српската ни бугарската делница нема да бидат завршени пред крајот на 2020 година и со самото тоа ќе профункционираат дури во јануари 2021 година, пренесува „Интерфакс”.

Меѓутоа, во март оваа година компанијата-ќерка на „Гаспром“ во Србија „Gastrans” соопшти дека планира да го пушти во работа гасоводот NTGP во октомври 2019 година.

Минатиот понеделник бродот Pioneering Spirit го заврши во Црното море поставувањето на морската делница на гасоводот „Турски тек“. Набргу потоа беше соопштена маршрутата на европскиот дел на „Турски тек“.

Претходно заменик-претседателот на управата на „Гаспром“ Александар Медведев соопшти дека воведувањето во експлоатација на „Турски тек“ е планирано за декември 2019 година.

Погледнете го видеото: Како Путин и Ердоган ја завршија изградбата на морската делница на гасоводот „Турски тек“

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Дознајте повеќе

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња