Објавен рокот за изградба на копнената делница на вториот крак на „Турски тек”

Stefan Sauer/dpa/Global Look Press

„Гаспром” во 2019 година ќе почне со изградба на копнениот дел од вториот крак на „Турски тек“, изјави заменик-претседателот на управата на холдингот Александар Медведев.

„Во моментов е во полн ек изградбата на морската делница на вториот, транзитен крак на гасоводот „Турски тек“. Поставувањето на длабоководната делница ќе биде завршено во наредните неколку месеци. Следната година планираме да ги почнеме и градежните работи на копнениот продолжеток на транзитниот крак на територијата на Турција“, рече Медведев, пренесуваат руските медиуми повикувајќи се на магазинот „Гаспром”.

Тој додаде дека пуштањето на „Турски тек“ во работа е планирано за декември 2019 година.

„Гаспром” во моментов работи и на опција на продолжување на транзитниот крак во земјите на ЕУ како низ Бугарија, Србија и Унгарија, така и до Италија.

Медведев исто така соопшти дека „Гаспром” и понатаму сака да направи гасен хаб во Санкт Петербург. „Многу нешта во овој процес зависат од другите учесници, но тоа не е важно. Важно е што дилерскиот пристап во тргувањето со гас сѐ повеќе се развива и што групата „Гаспром“ интензивно и сестрано учествува во тоа”, додаде Медведев.

Претходно претседателот на Русија Владимир Путин изјави дека се разгледува можноста Италија да се приклучи на испораките на руски гас во Европа преку „Турски тек“.

Прочитајте повеќе: Рускиот министер за енергетика: Приоритетни правци за „Турски тек“ се Бугарија и Австрија

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Дознајте повеќе

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња