WSJ: Како руската економија ќе профитира од американските санкции спрема Иран

Reuters
Русија е во добивка благодарение на американските санкции спрема Иран, пишува „Вол Стрит Џурнал“.

Се наведува дека благодарение на американските санкции Москва ги презела купувачите од Техеран и ги зголемила испораките на нафта. Притоа Русија исто така му помага на Иран да ги надмине наметнатите рестриктивни мерки, купувајќи ја неговата нафта за домашна потрошувачка, додека своето „црно злато“, кое во овој маневар остана неупотребено, може да го извезува, пред сѐ во Европа.

Весникот исто така пишува дека Русија да ги набавува иранските енергетски ресурси со бартер-систем, т.е. во замена за индустриска опрема и прехранбена роба.

Се истакнува дека Москва веќе произведува рекордни количини нафта за последниве 30 години и дека според тој параметар се наоѓа на првото место во светот. Русија, имено, во октомври успеа да произведе 11,41 милиони барели дневно, што е за 4,3% повеќе во споредба со истиот период 2017 година.

Весникот тврди дека, помагајќи му на Иран, Русија го зазема неговото место на светскиот пазар на нафта. Москва веќе успеа во различна мера да го компензира намалувањето на испораките на ирански енергенси во Турција, Кина и Јужна Кореја.

Прочитајте повеќе: Зошто на Русија ѝ е потребна иранската нафта?

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Дознајте повеќе

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња