Русија постави нов рекорд во производство на нафта

Reuters

„Експлоатацијата на нафта во Русија достигна 1,54-1,55 милиони тони дневно (т.е. 11,29-11,36 милиони барели дневно) главно благодарение на компанијата „Роснефт“, што е нов постсоветски рекорд”, објави агенцијата „Блумберг”.

Дневното производство на нафта во Русија, според податоците на „Блумберг”, во септември достигнало и 1,553 милиони тони (11,38 барели). Агенцијата претпоставува дека тоа би можело да влијае Русија да ја промени целната бројка што се однесува до производството на нафта за 2018 година од 553 милиони тони на 555 милиони.

Министерот за енергетика на Русија Александар Новак минатата недела изјави дека земјите од ОПЕК+ имаат голем потенцијал кога се работи за зголемување на производството на нафта, на пример, Русија за година дена може да го зголеми производството за 300 илјади барели дневно достигнувајќи го нивото на производство од октомври 2016 година.

Според прогнозите на ОПЕК, производството на нафта во Русија во 2018 година ќе биде 11,15 милиони, а 2019 година - 11,17 милиони барели дневно.

Во август цената за барел од марката „Брент“ го достигна максимумот во својата историја на тргување со нафта во рубли, надминувајќи 5038 рубли.

Прочитајте повеќе: Црно злато: Како се роди руската нафтена индустрија

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Дознајте повеќе

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња