Рускиот гасен енергетски гигант „Гаспром“ во рамките на реализацијата на проектот „Турски тек“во неделата постави на морската делница на овој гасовод цевки во должина од 6,27 километри и така постигна светски рекорд, се вели во соопштението на холдингот.
Рекордот во брзина на поставување на цевки го оствари Pioneering Spirit. Кон средината на јули во двата крака на „Турски тек“ е поставено повеќе од 1230 километри цевки, што изнесува 66 отсто од вкупната должина на морскиот дел од гасоводот.
Директорот на холдингот Алексеј Милер претходно изјави дека гасот по другиот крак на „Турски тек“ од почетокот на 2020 година би можел да стигне до гаснотранспортните системи на Бугарија, Србија и Унгарија. „Гаспром“, инаку, изградбата на „Турски тек“ ја почна во мај минатата година. Морската делница, чија должина изнесува 930 километри, ќе се протега по дното на Црното море до брегот на Турција. Гасот потоа ќе биде транспортиран по транзитниот копнен крак на цевководот во должина од 180 километри до границата на Турција со соседните земји.
Први крак е предвиден за турскиот пазар, а вториот за снабдување со гас на земјите на јужна и југоисточна Европа. Поединечно капацитетот на линијата изнесува 15,75 милијарди кубици гас годишно, а почетокот на испораките е планиран за крајот на наредната година.
„Гаспром“ и турската влада потпишаа кон крајот на мај протокол за копнениот дел на гасоводот „Турски тек“ за испорака на руски гас за европските потрошувачи. Заменик-претседателот на управниот одбор на „Гаспром“ Александар Медведев изјави дека компанијата во најскоро време дефинитивно ќе ја одреди рутата на вториот крак на гасоводот наменет за снабдување на земјите од јужна и југоисточна Европа. Според него, во овој момент се разгледуваат две главни варијанти во согласност со процедурите во Европската Унија и Европската комисија. Како потенцијални пазари тој ги спомена Грција, Италија, Бугарија, Србија и Унгарија, пренесуваат руските медиуми.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче